Повеќе од 70 проценти од историскиот центар на Венеција oд вчера попладне е поплавен, кога брановите достигна 156 сантиметри.
И додека во еден дел се евакуираа туристи, во друг, и покрај поплавените објекти, туристите се сладеле со вкусна пица.
Водата во објектите не била доволна причина да затворат, па келнерите во овој ресторан непречено ги послужувале италијанските специјалитети.