Николоски: Сериозно се разговара со Велика Британија, 80% oд граѓаните би можеле да бидат ослободени од вадење визи наскоро

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вечерва изјави дека сериозно се разговара со Велика Британија за три категории на граѓани да бидат ослободени од вадење визи.

Со ова, како што изјави Николовски за телевизија Канал 5, значи дека ќе бидат опфатени околу 80 проценти од граѓаните. За ова се разговарало за време на неговиот престој во Лондон.

– Многу сериозно разговараме за најмалку три категории да бидат ослободени од визи и тие три категории ќе се покријат околу 80 проценти. Се уште разговараме, рече Николовски.

Во однос на потпишаниот договор со Велика Британија и дали доколку се отвори прашањето за мигрантите, тоа ќе биде прифатено од наша страна, Николоски рече дека двете работи немаат врска.

– Нашиот став во однос на мигрантите е јасен и јасно ја кажавме нашата позиција. Не гледам дека тука нешто би се променило, нагласи Николоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.