Во измининатава година имаше многу лажни вести. Една од нив е и за меѓународна изолација на ВМРО-ДПМНЕ, но таа приказна пукна како балон, како еден од спотовите во кои е прикажана политиката на СДСМ. Кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Силјановска на пример има поддршка од Европската народна партија, од германската ЦДУ. Нешто што не гледаме кај Стево Пендаровски. Него го поддржа во првиот круг и тоа пензионирани политичари, но не ја гледам поддршката сега.
-Силјановска успеа да го победи Пендаровски кој имаше поддршка од низа на партии, а имаше и четири албански субјекти, вклучувајќи ги и ДУИ. И во таков конгломерат на околности Пендаровски не успеа да направи ништо. Силјановска покажа дека таа е консензуален кандидат на македонксиот народ, но и мнозинство на етничките заедници гласаа за неа, и не случајно победи во 47 општини, а Пендаровски во само 23. Соодносот на првиот круг беше 4 према 1 во корист на Силјановска, рече Николоски.
Оттука на 5 мај, рече Николоски, очекувам Горадана Силјановска да е убедлив победник и да победи со разлика 30 до 40 илјади гласа.
Според него во првиот круг многу од луѓето не излегоа на гласање поради разочараност од власта.
-Но сега мислам дека ќе гласаат за Силјановска зошто гледаат надеж за правда. И потоа ќе следат предвремени парламентари избори. Победата на Силјановска е пад за Заев. Ако Силјановска победи нема комбинација Заев да продолжи и да остане на власт. Доколку не закаже предвремени парламентарни ќе повикаме на протести. Ако Заев даде отпор ќе се излезе на улица и колку повеќе ќе се обидува да остане на власт поразот ќе му биде поголем, рече Николоски.
Според потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, овие избори ја покажаа зрелоста на сите граѓани, на гласачите, покажаа дека зрелоста им е на повисоко ниво.
-Граѓаните покажаа дека сами ги носат одлуките. Во албанскиот блок дадоа гласови за Блерим Река, и тие се на граѓаните не на партиите, најмалку на ДУИ. На 21 април ДУИ велеше дека од гласовите за Пендаровски дека 130 илјади гласа се на албанскиот народ и тоа значи дека остануваат само 200 илјади македонски гласа за Пендаровски. Главно е што гласовите никој не ги носи во џеб. Оттука ние сме отворени за сите. Правда им треба а сите, па кој сака правда може гласот да го даде за Силјановска, заклучи Николоски.