Николоски објави убава вест за сите граѓани! Ќе паднат цените на сметките за мобилен телефон и интернет!

Би сакал да објавам дека сериозно ја разгледуваме можноста за доделување лиценца за ТРЕТ МОБИЛЕН ОПЕРАТОР – напиша на ФБ министерот за транспорт и врски, Александар Николоски.

-Нашата анализа кажува дека цените за мобилната, како и за кабелската телевизија и интернет услугите се поскапи од најголем дел европски земји. На пазарот постои класичен дуопол. Затоа мора да бараме мерки да ПОЕВТИНАТ услугите. Граѓаните да имаат подобри и поевтини услуги. Затоа потенцијално решение е ТРЕТ МОБИЛЕН ОПЕРАТОР. Во следниот период ќе мотивираме големи имиња од светот на телекомуникациите да се појават на македонскиот пазар. Време е државата да прави за граѓаните. Исполнуваме! За тебе! – напиша Николоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.