Потретседателoт на ВМРО-ДПМНЕ и носител во изборната единица 4, Александар Николоски вчера одржа средба со граѓани во Радовиш и радовишко Ораовица.
-Нашето основно ветување за овој дел е удар врз зелената мафија која тука делува, а тоа подразбира дека на првата седница на идната Влада ќе се донесе закон со кој нема да смее килограм тутун да се увезе во Македонија додека не се откупи домашниот и додека не се откупи по фер и гарантирана цена, истакна Николоски.