Потпретседателот на Владата и Министер за транспорт, Александар Николоски, вечерва со почеток од 18:30часот, гостува во “Само интервју” кај Гоце Михајлоски на Канал 5 телевизија.
Кога ќе го видиме градскиот воз, а кога брзата пруга?
Од инженерски ќорсокак до развоен проект, во Македонија или во Бугарија, каде возот ќе вози со поголема брзина?
Агелер ги охрабри судиите да проговорат ” кој од политиката меша прсти”,а политичарите да ги спроведат уставните измени, со која брзина одиме кон Брисел?
Се развива ли Македонија со темпо како што очекуваат граѓаните? – се дел од прашањата на кои новинарот од Прилеп и уредник на КАНАЛ 5 ќе бара одговор од вториот човек на Владата и владеачката партија.
Следете КАНАЛ 5 по централните вести!
























