Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во утринското гостување на Алфа телевизија посочи дека ако судот не ја заврши својата работа околу случајот со СЈО и „Рекет“ тогаш ВМРО-ДПМНЕ објави нови сознанија за тој случај.
-СЈО со торбата Луј Витон полна со милион евра одамна е завршена приказната. СЈО фактички и не постои. А, во однос на работите што се случувале таму, а ова што сега го гледаме како судски процес е само врвот на ледената санта. Допрва ќе излегуваат десетици и десетици работи. А, ние оставаме на судот да проба тоа да го истражи и имаме многу сознанија. Доколку го истражи одлично, доколку не, ќе одиме во јавност со тие сознанија, нагласи Николоски.
Тој додаде дека се надева по 12-ти април едно ослободено и релаксирано судство и обвинителство Македонија ќе има. И нема да се под дневен политички притисок на врвот на власта.
-Но да се вратам на основната тема во однос на законот за јавно обвинителство добро е да се донесе закон за ЈО затоа што е жива материја, се менуваат работите треба прилагодување итн. Тоа е едно од барањата на земјите членки на ЕУ со цел Македонија да конечно да отпочне преговори за членство со ЕУ. Затоа што Заев ја лажеше јавноста дека е доволно да го смени името и рајските порти ќе се отворат и мед и млеко ќе тече во Македонија. И дека ќе не седнат до Франција и Германија во ЕУ, потсети Николоски.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ појасни дека се што ветуваше Заев не е точно и не се оствари.
-Реалноста е друга и за жал сурова. За да станете дел од тој елитен клуб прво треба да се преговара, но за да се почне со преговарање мора да се реши корупцијата и криминалот дома. Бидејќи тој елитен клуб со корумпирани луѓе не сака да си има работа или пак да седнат на иста маса. Нека помислат граѓаните кога беше Зоран Заев премиер, а сега веќе е заминат во историјата кога било кој европски државник го прими во неговиот главен град, праша тој.
Николоски рече дека законот за ЈО треба да ги затвори тие прашања и доволно е јасна пораката на комесарот за проширување дека законот треба да се донесе но во соработка помеѓу водечките партии во Собранието, а тоа се ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. И со прифаќање на аргументите односно забелешките на ВМРО-ДПМНЕ. Закон кој што ќе е квалитетен и ќе ги прифати забелешките на ВМРО-ДПМНЕ.
-Но гледаме дека Зоран Заев како претседател на СДСМ се обидува друго да направи, а тоа е да го прескокне ВМРО-ДПМНЕ. Барајќи поддршка од одредени отпаднички структури. Но тоа мислам дека нема да се случи, забележа Николоски.