Николовски ќе ги мотивирал граѓаните да садат сончоглед

Особен фокус ставаме на производството на сончеглед и да ги мотивираме граѓаните со доплнителни мерки да ја произведуваат оваа култура. Покрај леб и брашно да имаме и масло постојано, изјави вчера во соето гостување во „Тема на денот“ на Сител телевизија министерот за змјоделство, Љупчо Николовски.

-Особен фокус ставаме на производството на сончеглед и да ги мотивираме граѓаните со доплнителни мерки да ја произведуваат оваа култура. Покрај леб и брашно да имаме и масло постојано. И сите тука имаме одговорност. Имаме доволно залихи, лично се уверив во тоа. Денеска тргаат пченицата и пченката, а следната недела очекувам и маслото. Оваа недела Србија ја тргна забрната и тој процес започна, во секојдневна комуникација сум со српските власти, следната седница на владата во Србија ќе поминат некои одлуки и ќе обезедиме рафинирано и нерафинирано масло за јадење. Очекувам дека ќе се намалат одредени сировини, тие сега се поскапени, рече Николовски.

-Владата го донесе планот за производство на храна, а покрај планот мораме да се бориме за граѓаните да не се грижат, да нема паника и да обезбедиме доволни колични на стартешките култури. Еве Србија донесе одлукла за 100 илајди тони пченица, количината е доволна, оти пред нас е собирањето пченица од домашното производство, изјави Николовски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.