Љупчо Николовски на партиската трибина во Прилеп истакна дека неговата партија направила многу за градот
-Од времето на Тито за првпат е обновен патот до вештачкото езеро, на браната се изведени зафати за првпат после 60 години. За првпат после 40 години патот до Мариово е обновен. Децении оставени на забот на времето, ние тоа го променивме, истакна Николовски.
Рече дека власта изградила модерен, функционален информатичко-технолошки Центар за МВР вреден над 3 милиони евра, како и пречистителна станица вредна над 9 милиони евра со поддршка од ЕУ.
-Ќе го споменам и булеварот Гоце Делчев, модерен, европски, започна изградба на нова градинка, стадионот и многу други… Во Прилеп, во градот на храброста, на борбеноста, на револуцијата, во градот на промените на подобро е вистинско место да се зборува за „Најдоброто“, заклучи Николовски.