Потпреседателот на и пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, зеде збор на денешната презентација на новата владина програма која од денеска влезе во Собрание.
Николовски ја критикуваше работата на претходната влада и најави нејзино рушење преку масовни демонстрации на улица.
-Се гледаме во селата и градовите. Најавувам масовни демонстрации кои ќе започнат уште оваа есен. Затоа граѓани, се гледаме во македонските градови и села, на демонстрациите со кои ќе ја урнеме оваа влада која ќе го има најкраткиот мандат, рече Николовски.