Николау: Со прилепски бел мермер се градат објекти за Олимписките игри во Катар

Прилепската компанија со странски капитал Мермерскиот кобинат годинава ќе ја заврши со експлоатација на 30.000 метри кубни мермер и производство на близу 70.000 метри квадратни мермерни плочи за светските пазари каде прилепскиот бел мермер се уште е најквалитетен и најмногу баран – објави “Денешен”.

Според Николау, главниот приоритет е заштитата на вработените на работните места и во рудникот Сивец и во фабриката за мермерни плочи.

– Во Мермерскиот комбинат се 380 вработени. Прв приоритет е безбедноста на вработените кои имаат плати за 20 насто повисоки од просечната плата во Македонија. Годишно инвестираме три до четири милиона евра за нови машини и за обука на вработените. Нашата цел е континуираниоот раст на компанијата и во производството. Имаме синергија со компанијата Павлидис, светски позната во бизнисот со мермер. Битен фактор за развој е одличната соработка со општината. Годинава ќе имаме експлоатација на мермер од 30.000 метри кубни од рудникот Сивец и ќе произведеме околу 60 до 70 илјади метри квадратни мермерни плочи за пласман, главно, во Катар, САД, Шпанија, во Грција и во Кина и насекаде во светот зашто прилепскиот бел мермер е најпознат и најбаран на светскиот пазар, изјави Николау.

Резервите на мермер во рудникот Сивец се за преку 100 години, а компанијата котира на Атинската берза со околу 10 насто од акциите на Мармерскиот комбинат.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.