Никогаш доста од места кои нудат одмор, топли и освежителни пијалоци, но и вкусни закуски. А Прилеп од неодамна е побогат за уште едно такво место.
Понесени од желбата себе си да си обезбедат пристоен живот тука, во нашиот град и држава, Христијан и Ирена од пред два месеци одново го отворија Simple Coffee, eдно пријатно катче во населбата “Точила” во Прилеп.
Лоцирано веднаш до СОУ “Орде Чопела”, oва место е одлична попатна дестинација каде можете да уживате со вашите најблиски во некој пијалок и да си каснете нешто вкусно од нивната понуда на разни сендвичи, салати и слатки задоволства.
Во време кога голем број угостители цените ги кренаа во облаци, овие двајца млади сопственици решија и пронајдоа начин да им понудат на прилепчани цени кои одговараат за сечиј џеб.
Па така, во Simpe Coffee за 60 денари ќе се напиете кафе со лимонада, боровница, или Цевитана, а потоа да го пробате нивниот навистина вкусен хамбургер по цена од само 120 денари.
Одиме понатаму, тостови по различен вкус по цена од 90 до 120 денари, хот-дог од 70 до 100 денари и еден куп вкусни благи нешта до 100 денари. Епа навистина никаде нема за џабе, ама нема ни по овие цени.
Значи да се разбереме, кога поминувате низ “Точила” не заборавајте да застанете тука, а потоа верувајте, секој нареден пат, ќе им се јавите и ќе порачате закуската да ве чека готова на маса.
Од нас само едно големо бравос за богатото мени и цените! Навистина е храброст во ова време-невереме да им се излезе во пресрет на сите, а особено на учениците кои им се први комшии.
Да им посакаме среќа во работата и желби да ги остварат своите замисли за во иднина!
За крај да спомнеме и дека дечките од Simple Coffee вршат и достава до дома, па побарајте ги на телефонскиот број: 077903990 и уверете се самите.