Мото клубот “Рисови” од Прилеп, кои неодамна со спектакуларна забава во центарот на градот, прославија јубилеј 15 години постоење, денеска донираа вреден апарат за потребите на прилепската болница “Борка Талески”.
-Срдечна благодарност до сите поддржувачи на Мото Клуб Рисови! Вашата поддршка не само што ни овозможува да се забавуваме и дружиме, туку и да реализираме важни хуманитарни акции. Со ваша помош, успеавме да донираме “ Капа за ЕЕГ за деца до 2 години” на ЈЗУ Општа Болница со проширена дејност во Прилеп, за Детското одделение. Вашата поддршка значи многу за нас и за оние на кои им е потребна помош. Заедно продолжуваме да правиме позитивни промени – напишаа на социјалните мрежи од мото клубот.