Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња Роналдињо, кариерата ќе ја продолжи во втората перуанска лига.
Славниот Бразилец одлучи да настапува за клубот Sijensijano, па неговите фанови и публика на тамошните терени ќе можат да уживаат во магијата на 36 годишниот мајстор.
Роналдињо во кариерата ги носеше боите на ПСЖ, Барселона и Милан, а без клуб е од септември, кога го раскина договорот со Флуминенсе.
Би било вистинска штета да се повлечи, затоа што неговите дриблинзи, голови од слободни удари, потези, брзи продори, своевремено беа ремек дела.
А.Г.