На 26.04. во просториите на “Гран клуб” во Скопје се одржаа првите мастерси во категорија јуниори и ветерани во американски билјард, дисциплина 9-ка од натпреварувачката 2025 година.
Врвната игра и овој пат беше главен адут на прилепските ветерани и јуниори, кои од овие натпревари се вратија со три бронзени медали и едно петто место.
На овој мастерс ветераните Оливер Апостолоски и Мајкл Хол се закитија со бронзени медали, а високото трето место во категорија на јуниори му припадна на Константин Лазаровски, кој на турнирот покажа зрелост на играч од врвен калибар.
Петтото место го освои Марко Митанов, млад играч кој поседува голем талент за високи дострели во овој спорт. Интересно е што Марко беше и најмладиот јуниор на овој мастерс со само 10 години.
Константин Лазаровски и Марко Митанов припаѓаат на школата за билјард играчи “Билјард академија Табана”, клуб кој е предводен од тренерот Владимир Ѓорѓиески.
Со овие резултати јуниорите докажаа дека се на добар пат за во иднина да ги претставуваат Прилеп и Македонија на сите престижни натпреварувања во овој спорт.