Не сакал да задоцни на работа, па пешачел цела ноќ: Младото момче ги воодушеви сите, а неговиот шеф направи нешто прекрасно (ВИДЕО)

Приказната за посветеното младо момче од Алабама кое пешачело речиси цела ноќ за да не задоцни на првиот ден на работа, стана вирална и го воодушеви целиот свет, особено неговиот шеф.

Валтер Кар требаше да започне на работа во фирма за преселување па еден ден претходно неговиот автомобил се расипал. Наместо да му се јави на шефот дека нема начин да пристигне на работа, тој пешачел цела ноќ за да пристигне на време.

Кар на полноќ тргнал да пешачи од Хомвуд, Алабама за Пелхам и поминал 23 километри кога бил стопиран од полицијата во околу 4 часот наутро.

Кога слушнал за приказната, полицаецот го одведе на доручек, а потоа го одведе и до работа, односно до куќата на семејството Ламеј за да им помогне да се преселат.

Младото момче пристигна прв на работа, па сопствениците го прашале дали сака да се одмори. Кар одбил и рече дека би сакал да почне со работа.

Сопственичката на куќата Џени дозна дека Валтер е од Њу Орлеанс, но со својата мајка се пресели во Алабама, бидејќи нивната куќа била уништена во ураганот Катрина.

-Ме гледаше во очи и се смешкаше, имав впечаток како да го знам цел живот, напиша Џени и опиша како изгледала неговата авантура претходната ноќ.

Нејзината објава веднаш стана вирална, иако младото момче не сакало никој да знае дека пешачел до работа.

Исто така се огласи и сопственикот на фирмата за преселување во која работи Валтер и рече:

-Горд сум што сум дел од тимот во кој е Валтер. Поставивме висок стандард на услуги и тие уште повеќе пораснаа. Едвај чекам лично да му се заблагодарам, напиша Марклин.

Меѓутоа, неговиот шеф направи нешто што никој не очекуваше, му подари нов автомобил на Валтер за да може да доаѓа на работа, а тој не можеше да го сокрие своето воодушевување.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.