Поради рекордно ниската излезност на денешниот референдум од штабот на СДСМ започнаа да се служат со други методи?!
Имено, до многу граѓани во текот на денешниот ден пристигнува СМС порака која би требало да ги поттикни да излезат на гласање.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека овие пораки не се испраќани од нивните штабови, туку дека ова е последен обид на власта да манипулира со граѓаните.
Се очекува органите да преземат мерки и да откријат кој стои позади ова сериозно прекршување на изборниот процес.