Метеоролошкиот сервис AccuWeather објави долгорочна прогноза за зимата која доаѓа.
Додека за подрачјето на Велика Британија, Скандинавија и остатокот од Северна Европа се очекуваат силни бури на почетокот на зимата, се чини дека зимата на Балканот ќе биде блага – без силни температурни осцилации, а ќе изостанат и големите количини врнежи.
Додека во поголемиот дел на Европа ќе има многу бури, снег и продор на студени бранови, на Балканскиот полуостров се очекува прилично мирна зима.
Take a look below at a complete region-by-region breakdown of AccuWeather's annual Europe winter forecast: https://t.co/B05jRGV0pJ
— AccuWeather (@accuweather) October 26, 2019
„Ќе има бypи, но нема да бидат толку изразени како минатата година“, прогнозира метеорологот Џејсон Николс. Наместо тоа, бypите ќе се појавуваат помеѓу долготрајните cyшни периоди.
„Овој регион може да има долги суви и топли периоди, пропследени со бypи кои ќе траат една недела, а потоа ќе се враќа сувотот време од две до три недели“, рекол метеорологот Тајлер Ројс.
На Јадранот не се очекувааат силни бypи, предвидуваат метеоролозите на AccuWeather.
„Тоа ќе допринесе до слаба снежна сезона на планините“, додал Ројс.
Најостра зима ќе ја зафати источна Европа и источна Скандинавија. Почетокот на зимата нема да биде обележан со продор на силни и изразени студени бранови, но тоа може да се случи кон крајот на зимата.
„Може да видиме неколку кратки студени бранови во декември, но вистинскиот студ нема да се случи се до крајот на сеозната“, рекол Ројс.