Времето денеска променливо облачно и значително посвежо со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Т-мин. од 8 до 15 а т-макс. од 20 до 28 степени.
Во петок времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, кои на места ќе се спуштат и до нула степени.