Не лажат сите, или оваа атлетичарка навистина има 16 години? (ФОТО)

Атлетичарката од Етиопија Гирмавит Гебрзихаир падна во очите на светската јавност откако настапи на Светското атлетско првенство до 20 години, и тоа замислете со 16-годишна возраст.

Според ИААФ (Интернационалната асоцијација на атлетски федерации) таа е родена во ноември 2001 година, а никој не верува дека има само 16 години, со оглед на нејзиниот изглед.

Етиопјанката има бори на лицето и вилица на која недостасуваат заби. Речиси ништо на неа не изгледа дека таа е толку млада, па корисниците на социјалните мрежи и светските медиуми се сомневаат во измама.

Атлетичарката заврши на третото место и го освои бронзениот медал на 5000 метри минатиот вторник.

„Таа жена поминала низ американската граѓанска војна, две светски војни и го видела Пеле како го крева трофејот на Мундијалот во 1970 година“, пишува еден корисник на социјалните мрежи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.