Не е хумано давање пари на дете кое питачи: 12-ти Април “Меѓународен ден за деца на улица”

13145151

Светот денеска го одбележува 12-ти Април “Меѓународниот ден на децата на улица”. По тој повод Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа – Прилеп со слоганот “Не е хумано давање пари на дете кое питачи”, се приклучува кон одбележување на овој меѓународен ден.

За тоа што значи и каков феномен е злоупотребата на децата за питачење, што треба да направиме доколку сретнеме таков случај и  што ќе се случи со детето доколку го пријавите, информирајте се преку флаерот во продолжение.

Deca na ulica Flaer-page-001

ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа – Прилеп особено апелира до граѓаните дека: “Секој граѓанин, орган и правно лице, должен е да го извести Центарот за социјална работа веднаш штом дознае, дека родителот не го врши родителското право или пак од други причини е потребна заштита на личноста, правата и интересите на детето”. (чл. 84 oд Законот за семејство)

Deca na ulica Flaer-page-002

ПРИЈАВУВАЊЕТО НА ДЕТЕ НА УЛИЦА НЕ Е САМО ВАШЕ ПРАВО, ТУКУ И ВАША ОБВРСКА!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.