Добредојдовте во Burger Boom, местото каде што добриот вкус, брзата услуга и пристапните цени се секојдневие! Сместени во срцето на Прилеп, во новата катна гаража, тие се омилен избор за сите љубители на сочни бургери, вкусни сендвичи, пици, пастрмајлии и што ли уште не.
Богатото мени е внимателно составено за да одговори на секој вкус – од класичен хамбургер или чизбургер, до специјалитети како Boom бургер и Boom стекови со сочно пилешко, кашкавал и бургер сос. Доколку сте љубител на пици, тука се Boom пицата, капричиоза и сите други познати вкусоци, а за тие што сакаат нешто поинакво – во Burger Boom будат и гиро порции, печени сендвичи, тостови, па дури и посни оброци.
Најголем хит во последно време им се пастрмајлиите – со пилешко и свинско месо. Младите дечки во BURGER BOOM имаат продукт кој досега воодушеви огромен број гости.
Приготвени од екстра квалитетни состојки, со совршен вкус и неодолив мирис… едно гастрономско уживање на кое ќе се сладат не само прилепчани, туку и сите гости во градот под Марковите Кули.
Покрај пастрмајлија, сега во BURGER BOOM можете да уживате и во маестрално приготвени порции со пилешки крилца. Крцкави и сочни, со одличен сос во прилог, комбинација што одлично ќе се вклопи како добро мезе на секоја маса.
Во пресрет на празничниот викенд, кога се празнува 11-Октомври – Денот на народното востание, Прилеп ќе биде полн со гости, а прилепчани ќе бараат маса повеќе во локалите за храна и пијалок, од BURGER BOOM ги информираат вљубениците во нивната храна дека на 10.09. (петок) ќе работат со продолжено работно време, па сите оние кои ќе се задржат до подоцна во некое од кафулињата, ќе имаат можност да уживаат во добра храна и подоцна во ноќта.
Дојдете и уверете се зошто велат дека Burger Boom е број 1 во Прилеп кога станува збор за брза храна или порачајте на телефонскиот број: 078 786 000
НАЗДРАВЈЕ!