Скопје на 26 јули 1963 година загуби многу свој жители, роднини, пријатели, туристи, но доби и нови жители еден од тие жители е и Сузана…
„Се сеќавам на топлата јулска ноќ, 25 јули 1963-та година кога ме хоспитализираа на одделението за гинекологија во Државната Болница во Скопје. Бев бремена во седми месец, а јас, сопругот и мојата 5-годишна ќерка со нетрпение го очекувавме новороденчето кое на светот требаше да пристигне на 18 октомври.
Си го замислував мирното доаѓање на новото чедо и нашиот спокоен живот во семејниот дом на Козара 34, близу Државната болница. Но, судбината сакаше поинаку…. Цела вечер не можев да заспијам преплавена со мисли за иднината.
Одеднаш, се слушнаа страшни звуци – мјаукање на мачки, виење на кучиња и страотни крици од другите животни кои се слушаа дури од Зоолошката градина, а јата птици се креваа во хаотичен лет над земјата.
Целата статија можете да ја прочитате ТУКА.