Нешто чудно се случува со откупот во “Тутунски комбинат” од Прилеп

Се погласни се шпекулациите дека менаџерскиот тим кој во повеќе наврати се фалеше со својата успешност не успеал да ги откупи договорените количини на тутун според договорите.

Можеби причина или оправдување за ваквиот развој на настаните е и стратегијата на Владата, помалите откупувачи да ги дооткупат овие преостанати количини, но за многу пониска цена?

Но, се ова е на штета на тутунарите кои логично очекуваа повисоки откупни цени во година кога реколтата беше помала но и со далеку поголем квалитет од лани.

Се погласна е чаршијата дека многу функционерски столици во Комбинатот се веќе “разнишани”? Дали пролетната метла ќе мете и во дворот на овој гигант, ќе покаже времето.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.