Нешто не штима во РК Прилеп! Без желба за победа, нема бодови

Eкипата на ГРК Тиквеш триумфираше вечерва во Прилеп и забележа важни бодови, во борбата за позиција која води во плеј-офф разигрувањето во Супер лигата.

Ова беше натпревар да се биде или не и за двете екипи. За прилепчани беше натпревар кој мораше да се добие, особено ако се има во предвид дека Тиквеш им е главен конкурент за позиција во горниот дел од табелата, а второ бидејќи натпреварите на домашен терен мораат да носат бодови.

Сепак, нешто не штима во редовите на избраниците од Божидар Мојсов, па и вечерашниот натпревар го завршија со наведнати глави. Крајниот резултат на семафорот беше 28:32. Она што особено загрижува е тоа дека РК Прилеп беше во негатива во текот на целиот натпревар и не успеа ниту да се доближи за да направи пресврт.

За прилепчани ова е петти пораз сезонава, а на своето конто имаат само две победи и еден нерешен резултат.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.