Македонија го совлада Гибралтар во последниот натпревар од групната фаза во Лигата на нациите.
Со 15 освоени бода од 6 натпревари, нашите репрезентативци и повеќе од заслужено се најдоа на првото место, а нивниот противник во плеј-офот ќе зависи од последните дуели во останатите групи.
Со двата погодоци на прилепчанецот Илија Несторовски и по еден на Барди и Трајковски, Македонија убедливо со 4:0 помина преку аутсајдерот Гибралтар, иако победата можеше да биде и со 10 гола.
Погодоците на црвено-жолтите беа кој од кој поубав, но вториот гол на Несторовски беше вистинско совршенство.
Од околу 16 метри во свртување и мајсторија каква што само Иле може да понуди!