Несторовски се враќа во Хрватска – Еве за кој клуб ќе потпише!

Македонскиот фудбалер Илија Несторовски е во Копривница каде треба да стави потпис на договор со хрватскиот прволигаш Славен Белупо – пишува “ГОЛ.МК”

Центарфорот подолго време беше слободен по разделбата со Асколи и конечно наоѓа нов ангажман. Медиумите од Хрватска велат дека Несторовски е веќе во градот каде треба наскоро да стави потпис на договор со Славен со кого го чека битка за опстанок.

Прилепчанецот кој сега има 34 години, за Асколи потпиша на почетокот од минатата сезона, откако во Удинезе му истече договорот. На 20 настапи за второлигашот, Несторовски постигна 2 погодоци.

Сега популарниот “Нестор-гол”, се враќа во Хрватска, земјата каде во Интер Запрешиќ го започна својот фудбалски раст и го привлече вниманието на европските клубови.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.