Македонскиот фудбалер од редовите на Удинезе Илија Несторовски, во интервју за турски медиум, изјави дека Македонија не е без шанси против Италија во баражот за Мундијалот во Катар.
„Чекам повик од селекторот за мартовскиот бараж. Мотивиран сум да работам напорно и да му помогнам на националниот тим. Тоа ќе биде специјален меч за мене, бидејќи Италија со години е мојот дом. Мислам дека можеме да ја елиминираме Италија, игравме на ЕП, храбар тим сме, ја победивме Германија, мислам дека имаме шанса“ – вели Несторовски.