Основното училиште “Добре Јованоски” од Прилеп важи за едно од ретките училишта каде се почитуваат различностите и учениците од различна етничка заедница функционираат како едно.
Можеби таквата кохезија и другарство, е и главната причина зошто училиштето низ годините било вистински расадник на идни познати и славни прилепчани.
Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски, уредникот на Канал 5 телевизија Гоце Михајловски, ТВ презентерот Александар Петрески, новинарот Сунаи Сабриоски и најпознатиот инфектолог во Прилеп, Д-р Жежоски, сите тие имаат нешто заедничко во нивните животи, а тоа се истите училишни клупи каде седеле своевремено.