СДСМ денеска ќе го одржи 24. Конгрес на партијата на кој ќе се соопштат и носителите на пратенички листи и кандидатите за пратеници.
Неофицијално, Миле Талески ќе биде единствен пратеник од ОО СДСМ Прилеп. Што значи ова и каков сигнал ќе даде на веќе разочараните членови на СДСМ Прилеп ќе знаеме за брзо.
Да потсетиме дека за време на кампањата за претседателските избори минатата година, револтиран екс функционер на СДСМ пред Заев истакна дека во Прилеп владее “злосторничко здружение”.
Талески е претседател на партискиот огранок и претседател на градскиот совет во Прилеп.