Пратеникот од Штип, Никола Мицевски, неофицијално ќе биде новиот координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието.
Мицевски доаѓа на местото на Драган Данев и ќе ги предводи пратениците на опозицијата во исклучително значаен период.
Никола Мицевски има завршено Земјоделски факултет на УКИМ и е Магистер по економски науки од областа на МБА-Менаџмент.
Мицевски на јавноста и е познат по жестоките настапи од собраниската говорница, но и по честите прес-конференции од седиштето на партијата.