На веќе добро познатата локација, на влезот во Прилеп од страната за Скопје, во непосредна близина на бензиската пумпа “Макпетрол”, се наоѓа ресторан “Beer ti & ja” – најмераклиското место во градот под Марковите Кули.
Ресторанот е вистински хит и број еден дестинација во изминатите неколку месеци, за сите гурмани и вљубеници во гурманската трпеза.
Ресторанот располага со простор за 40-50 гости и одлично место за раат дружба со вашите најблиски, семејство, пријатели. Внатре се’ е ново и модерно, убави маси, столици, со еден збор грее.
Го имаат едно од најбогатите менија за умот да ви зајде. Разно-разни предјадења и вкусна прилепска скара, специјалитети од месо, богата винска карта и богат избор на пијалоци, a главните специјалитети на кујна се вкусните чорби, гулашот, печена коленица и прочуениот прилепски ширден.
Во интерес на своите ценети гости, ресторанот редовно има специјални, неодоливи понуди кои одговараат за сечиј џеб. Па така ако сте за убав ручек денеска посетете ги и уживајте во еден од трите пакети:
– Две свински коленици и избор вино – Александрија CUVEE (бело, розе или црвено) – 1.500ден.
– Две порции медаљони и избор вино – Александрија CUVEE (бело, розе или црвено) – 1.500ден.
– Два прилепски ширдени и избор вино – Александрија CUVEE (бело, розе или црвено) – 1.800ден.
ПОНУДА КОЈА НЕ СЕ ОДБИВА! НАЗДРАВЈЕ!