Новогодишните забави и огномети се нормална традиција во испраќањето на старата и дочекување на новата година, но во различни земји пред да се поклопат стрелките на часовникот постојат различни обичаи.
Во Данска на 31 декември се кршат чинии на куќниот праг. Веруваат дека овој обичај симболизира богат социјален живот и многу пријатели. За вистински да скокнат во Новата година, Данците скокаат од стол.
На полноќ во Шпанија се јадат 12 зрна грозје коишто симболизираат 12 месеци во годината, а секое зрно ќе обезбеди среќа во текот на годината.
На Филипините веруваат дека на масата треба да има поставено предмети во кружна форма, бидејќи таквите предмети потсетуваат на кованици и се симбол на богатство.
Во Јапонија веруваат дека за време на новогодишната ноќ треба цело време да се смеат за наредната година да им биде радосна. Романците за среќа фрлаат пари во река, а Швајцарците испуштаат сладолед на под. Во Франција се подготвуваат палачинки, а во Естонија на 31 декември јадат седум пати, бидејќи веруваат дека тоа ќе им донесе храна во изобилие.
Во Шкотска веруваат дека првата личност која во Новата година ќе биде гостин во некое семејство треба да донесе подарок, а Колумбијците со себе носат куфер со надеж дека во годината што следи често ќе патуваат