Необична свадба во Србија: Вистински хит за кој сите зборуваат

Поголемиот број парови за својата свадба одбираат најдобри автомобили, лимузини, но тоа не е случај со овој пар младенци, кои се одлучиле на поинаков начин да ја завршат таа задача од реализацијата на нивниот најсреќен ден.

svadba_1000x0

Александар и Александра за својот најубав ден одбрале ни помалку ни повеќе, туку камион шлепер во црвена боја, како невестинско возило

Сватовите тргнале од Падинско Скеле, од каде потекнува зетот, по невестата во Бесни Фок, потоа повторно во црквата во Падинско Скеле и потоа во месната заедница во Борча.

На оваа идеја се присетил зетот кој од својот кум го позајмил камионот.

За изненадувањето да биди уште поголемо, сам го возел и накитил црвениот камион. Затоа ова е свадба за која сите зборуваат.

Уште една анегдота поврзана со оваа интересна свадба, е тоа што невестата е во шести месец од бременоста, па гостите се прашувале како ќе успее да се качи дури 3 пати во камионот. Очигледно не и било тешко.

А.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.