Македонски Железници ја укина станицата кај Ореше која ја користеа планинари кои се упатуваа кон врвот Солунска Глава, како и жителите од двете планински села Папрадиште и Ореше.
Потврда за информацијата пристигна и од планинарскиот дом „Папрадиште“:
„Ги информираме сите патници, планинари и жители на околните села Ореше и Папрадиште кои го користат возот Скопје- Битола- Скопје дека од 1- ви јули 2023 год. ЈП Македонски железници трајно ја укинааОрешка станица, и возовите веќе не сопираат на оваа железничка постојка“.
Игор Смилев од планинарскиот дом Папрадиште пишува:
-Од 33 години постоење на #македонскижелезници менаџментот направил само една единствена анализа и тоа пред една недела во ерата на ДУИ. Тоа е дека од 1- ви јули 2023, железничката постојка на Орешка Станица( после Богомила) на пругата Скопје-Битола- Скопје се УКИНУВА, оти многу ” малку” планинари и луѓе се симнувале и возот непотребно губел од 30 до 65 секунди залет и време. Со одлуката на МЖ базирана на сериозна и сеопфатна анализа, укинати се и други стојалишта од и онака ужасно малиот број линии.