Се ближи 17-то издание на фестивалот на скарата и пивото во Прилеп, “Пивофест 2019”, кое ќе се одржи од 18-21 јули.
Општина Прилеп сеуште нема излезено со официјална програма за фестивалот, а сеуште не е одлучено и за тоа кој ќе биде организатор и ќе добие 2,5 милиони денари од општинскиот буџет.
Огласот за огранизатор на фестивалот беше објавен на крајот од месец мај и траеше само три дена. Од тогаш измина речиси еден месец, а сеуште нема избрано кој ќе го организира овогодинешниот “Пивофест”.
Според она што се зборува низ прилепската чаршија речиси е сигурно дека на фестивалската сцена ќе настапи балканската ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ, а музичката група од Прилеп, “Тhe Hounds” веќе го потврдија својот настап.
На социјалните мрежи се појавија и ентузијасти кои споделуваат своја програма за фестивалот, меѓутоа тоа брзо беше демантирано на официјалната Фејсбук страна на “Пивофест”.
Ne pamtam podobar line up na pivo fest od ovoj, respect! 🙂 pic.twitter.com/C7lhgZa2Tv
— Bratot (@bratot1) June 23, 2019
Сеуште е нејасно како тоа се договара програма и настапи на музички ѕвезди а на неполн месец од одржувањето на фестивалот сеуште нема официјален организатор.