Уште две среќни приказни доаѓаат од Клиниката за гинекологија и акушерство оваа недела – информираат од оваа државна клиника на социјалните мрежи.
-По 52 дена дружење со докторите и со сестрите од Одделението за интензивна нега и терапија (ОИНТ), во средата Матеј го испративме дома.
Марта Јолевска го роди во 29-та гестациска недела со само 960 грама, а Матеј си замина од ГАК со 1900 грама.
Вчера пак и малата Тара си отиде дома по 48 дена престој на ОИНТ.
Оваа новородено исто така дојде на свет во 29-та гестациска недела, а си замина дома во прегратките на мајка му Назире Селмани со тежина од 1880 грама.
ЈЗУ У Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје им посакува среќно детство и безброј насмевки да им измамуваат во своите најблиски – стои во објавата на оваа вест која никого нема да остави рамнодушен.