Откако од вчера Доналд Трамп е официјално новиот претседател на САД и тоа 45-ти по ред, Барак и Мишел Обама си заминаа од Белата Куќа.
Обама веќе одбра куќа во елитен кварт, а вредноста на новата куќа се проценува на 5,3 милиони долари. Први соседи ќе им бидат Хилари и Бил Клинтон и други познати и славни личности.
Куќата има 5.800 квадрати, девет спални и шест тоалети.
Обама има 55 години и влезе во историјата како прв афроамерикански претседател на САД. Уште е млад за пензија, но кога ќе се пензионира ќе зема 205.700 долари годишно. Дополнителни 20.000 долари годишно ќе добива неговата сопруга.