Некогашната раскошна убавица на Јосип Броз Тито денеска гние целосно опустошена (ФОТО)

Некогашната вила Извор на Плитвички Езера каде Јосип Броз Тито поминувал дел од своето време денеска е целосно уништена.

На местото на некогашната раскошна вила денеска можат да се видат искршени прозорци, уништени ѕидови и подови, делови од некогашниот луксузен мебел…

Вилата Извор била градена од страна на политички затвореници во периодот од 1948 до 1953 година.

Под вилата се наоѓа тунел кој води до другата страна на ридот. Широките дворишта каде некогаш имало свечени собири, денеска зјаат празни и уништени –  пишува хрватскиот портал “24sata.hr”.

Vila je prije gotovo 10 godina službeno postala državno vlasništvo, no nitko za nju ne brine.

Вилата пред 10 години станала сопственост на Република Хрватска, но никој од тогаш не водел грижа за неа.

За да се возобнови би биле потребни околу 370 милиони куни, пишува порталот.

Во функција била до крајот на 80-тите години, а за време на војните во 90-тите била користена како засолниште од страна на личките Срби.

 

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.