Немој да дозволите општината да остане во рацете на политичките партии, бидејќи тие од општината направија акционерско друштво и сега ветуваат големи неиздржливи проекти, кои не можат да се реализираат. Тие сакаат само да го земат повторно управувањето и понатаму да ја водат општината – порачува независниот кандидат за градоначалник на општина Прилеп, Љупчо Дунимаглоски, економист и стопанственик кој влезе во изборната трка за престојните локални избори.
Дунимаглоски кој својата кампања ја води главно на социјалните мрежи, без реклами и секојдневно се обраќа до сите сограѓани, определени, неопределени, разочарани…
-Затоа направете разлика, меѓу нивните и моите реални проекти. Моите проекти се издржани проекти, кои не бараат голема финансиска конструкција. Затоа на 19. октомври, масовно да излеземе на гласање, поддржете ја мојата програма, јас Љупчо Дунимаглоски да станам градоначалник, за да ја завршам работата со тие проекти, и вие да бидете задоволни уште во првите 100 дена од моето владеење – порачува тој.