Состојки:
7-8 компири од средна големина, 200 гр. шампињони или други печурки, 1 поголема главица кромид, 120гр. кашкавал, магдонос, сол, бибер, 200мл. павлака за готвење.
Подготовка:
Излупете ги компирите и подварете ги, на треба целосно да бидат сварени.
Исечете ги по должина и внимателно издлабете.
Во тавче со малку масло пропржете го кромидот (да добие златно-жолта боја), додадете ги печурките, нека бидат исецкани и издинстајте ги.
Во посебен сад ставете ја павлаката за готвење и загрејте ја на послаба температура. Кога ќе започне да врие, додадете го кашкавалот, сол и бибер. Сето тоа добро промешајте го и тргнете го од шпорет, а потоа во смесата додадете ги печурките, испржениот кромид и ситно исецканиот магдонос.
Со оваа смеса наполнете ги компирите, а потоа наредете ги на плех и ставете ги да се печат дваесетина минути, додека компирот не зарумени.