Фудбалот не ни е на некое врвно ниво, но тоа не ги спречува навивачките групи во државата жестоко и со многу жар да ги бодрат милениците од своите градови.
Изминатата вечер навивачите на Вардар од Неготино го “запалија” плоштадот во градот и ги пречекаа фудбалерите како да освоиле Лига на шампиони.
Во бараж натпреварот кој неготинци го одиграа против Вардари Форино, на градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп, Вардар Неготино беше поуспешен и се пласира во Втората фудбалска лига.
Вакво неверојатно славје можеби нема ни во Барселона. Сепак е за респект, кога олку многу луѓе ќе се соберат и обединат околу фудбалот, без разлика што во овој случај тоа се прави само за пласман во Втора лига.
А.Г.