-По повод празникот Св. Никола, патрон на градот Прилеп на ден 19.12.2019 (Четврток) со почеток во 08:30 ч. ќе биде отслужена Света и Божествена Архиерејска литургија со која ќе чиноначалствуваат Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски Г.Г Стефан , Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-Пелагониски и администратор Австралиско-Новозеландски Г. Петар и Неговото Преосвештенство Епископот Хераклејски Г. Климент.
Потоа во центарот на градот пред параклисот на Св.Никола ќе биде прережен славскиот колач со почеток во 12:00 ч.
Напомош да ни е празникот кој ни предстои и за многу години!, информираат од храмот Св. Благовештение.