Хрватските јуниори се победници на меѓународниот турнир во ватерполо кој се одржуваше во Белград. Хрватите водеа со 11:9 против репрезентацијата на Грција на четири минути пред крајот на финалето, кога започнала општа тепачка во базенот.
Грчката страна вели дека судиите постојано им гледале низ прсти на хрватските натпреварувачи, кои покажале посебно груба и агресивна игра.
Кулминацијата се случила кога еден хрватски играч удрил Грк. Тогаш сите од клупата се фрлиле во базенот каде неколку минути траел општ хаос.
Кога нередите се завршија, натпреварот продолжи со стариот резултат, по што Хрватите беа прогласени за победници.