Oва е нешто што ретко се гледа! Еден милион мравки работат заедно и направиле мост за да нападнат огромно гнездо со oси.
Видеото е снимено во Бразил од страна на Франциско Бони, електроинженер.
Тој на Твитер напиша: “Кога ваков напад се случива, осите обично бегаат, а мравките не го напуштаат гнездото се до моментот кога не го испразнат гнездото од ларви, мед и јајца.
“Вакви мостови мравките често прават и преку вода”, додава Бони.
Видеото кое е објавено пред два дена, досега е прегледано над 500.000 пати и е ретвитувано над 5.000 пати.
Мравките легионери се карактеризираат со агресивни техники кои ги користат кога собираат храна.