Француската манекенка Тилан Блондо, остана запамтена по тоа што на 6-годишна возраст беше прогласена за најубаво девојче на светот.
Денеска таа има 17 години и веќе е “ветеран” во модната индустрија.
Тилан е многу популарна на Инстаграм, а нејзиниот профил брои повеќе од 2 милиони следбеници. Сега заплови во нов бизнис и започна свој бренд.
“После една година работа, мојот бренд доаѓа наскоро! Не можам да дочекам за да ја видите колекцијата која ја направив”, напиша тинејџерката на Инстаграм.
Нејзините фанови и честитаа и со нетрпение очекуваат да видат што подготвила познатата манекенка.