Грчките медиуми веќе почнаа со претпоставки кои би биле шесте пратеници кои можат да ја спасат грчката влада, која по повлекувањето на министерот за одбрана и вицепремиер Панос Каменос, е пред паѓање.
Покрај 145 пратеници на владејачката СИРИЗА, за да опстане владата се потребни 6 пратеници кои би гласале во доверба во владата на Ципрас, откако „Независни грци“ и опозициската „Потами“ се изјаснија дека нема да гласаат за доверба.
Пратениците кои се „сигурни“ дека ќе ја поддржат владата се: Папакристопулос, Кантурас, Кокалис, Папакостас, Зурарис и Данелис, истите кои деновиве добија телефонски смртни закани доколку го гласаат преспанскиот договор.
За ова, обвинителството започна истрага.
Меѓу потенцијалните кои би го поддржале Ципрас е и Јанис Саридис но тој неодамна појасни дека нема да гласа за Преспанскиот договор, и ако владата, по средбата на Ципрас со Каменос повика на гласање за доверба, нема да ја поддржи.
Сепак, владините извори не исклучуваат гласови од 152 пратеници за да може владата да продолжи.