На Француските воени гробишта во Битола, одбележан 11. Ноември – Ден на примирјето и Ден на народната жалост (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

На Француските воени гробишта во Битола денес се одржа комеморативна церемонија по повод одбележувањето на примирјето од 11 ноември 1918
година и „Денот на народната жалост“.

Настанот, организиран од амбасадите на Сојузна Република Германија и Република Франција, беше посветен на споменот на сите загинати,
повредени, исчезнати и прогонети во воените конфликти, без разлика на нивната национална припадност. По тој повод, цвеќе положија
амбасадорката на Германија, Петра Дрекслер, амбасадорот на Франција, Кристоф Ле Риголер, градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, претседателот на Советот на општина Битола Бојан Бојкоски, како и претставници на институции и други делегации.

Меморијалниот простор на Француските воени гробишта претставува траен споменик на војниците кои го положиле својот живот и потсетник на
значајната улога на Македонскиот фронт во поширокиот европски историски контекст.Овој комплекс нè охрабрува да го негуваме сеќавањето и да ги вреднуваме поуките од минатото, со стремеж кон создавање иднина заснована на меѓусебно почитување, солидарност и пријателство.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.