Функционерските плати ќе бидат поголеми и до 400 евра од идната година. Според законот тие растат согласно растот на просечната плата. Ова значи дека околу 2.000 функционери ќе добиваат уште повисока плата по она 78% покачување кое го крена револтот на максимум кај граѓаните – објави “АЛФА ТВ”
Покачената плата која сега „ легнува “ на сметките на функционерите е според исплатената просечна плата во 2022, а во 2024 просекот ќе биде според она што е годинава. Во јули просекот во Македонија е 36 286, а се очекува до крај на годината да е значително поголем, со оглед на тоа што се покачија и платите во јавниот сектор .
Законот вели дека платата се утврдува според основицата која е просечната плата на што се додава искуството:
Платата на функционер и на раководен работник се утврдува на начин што основицата за пресметување на плата се множи со утврдениот коефициент и се зголемува за процентот за работното искуство. Работното искуство се вреднува така што платата во месечен износ се зголемува процентот утврден за работното искуство од 0,5% за секоја започната година работен стаж, а најмногу до 20%.
Коефициентот за утврдување на платата за претседател на Република Македонија, претседател на Собранието и претседател на Владата, изнесува до 4,50, стои во Законот .
Според ова ако се земе просечната плата исплатена во јули годинава, и додаденото искуство би илзегло дека првиот човек на државата со 33 години работно искуство би земал околу 190 илјади денари , што е повисоко за околу 30.000 колку што доби со минатото покачување
Целиот прилог погледнете го ТУКА