На стари години ја фатија со мито: Лекарка од битолската болница побарала 100 евра од пациент

Лекарка од Очното оддeление во клиничката болница во Битола, денес, била фатена како бара и зема мито од пациент, пари за одредена здравствена услуга. Пациентот случајот го пријавил кај истражните органи и лекарката е фатена со обележани пари. Во случајот постапувале инспектори од СВР Битола и лекарката билa спроведна на распит. Се очекува одлука на ОЈО Битола.

Од клиничката болница Битола го потврдуваат за случајот и се огласија со сооопштение во кое се вели:

-Клиничка болница Битола изразува сериозна загриженост што по втор пат од почетокот на годината се соочува со незаконско постапување на лекар на штета на пациент. Жалиме што се наоѓа во ситуација наш лекар кој вршел работи од јавен интерес да биде осомничен за примање мито од пациент. Ги охрабруваме истражните органи од СВР Битола и ОЈО Битола да постапат транспарентно и законито и во овој случај. Како раководство на Клиничка болница Битола сме згрозени и се оградуваме од постапката на осомничената лекарка. Стоиме на располагање на истражните органи да ја обелоденат вистината и единствено прифаќаме законита, транспарентна и неселективна постапка. И во овој случај, во согласност со Министерството за здравство итно е спроведена постапка за суспензија на осомничената лекарка се додека трае процесот на истрагата согласно важечките законски прописи. Уште еднаш искрено жалиме за ситуацијата во која бил доведен пациентот и неговото семејство. Поразителен е фатот што незаконските дејанија од лекар кон пациент се случуваат во здравството, но силно охрабрува фактот што овие случаи добиваат јавност, транспарентно и законито постапување од страна на државните органи.

За случајот се огласи и Министреството за здравство од каде браат постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, согласно законските процедури.

-Реакцијата на Министерството е брза, принципиелна и недвосмислена, ставена во насока на заштитата на достоинството на пациентите и интегритетот на медицинските лица од јавното здравство. Граѓаните имаат право на фер и достоинствен третман, се наведува во соопштението. Министерството не толерира корупција и ќе ги санкционира сите прекршоци за да ја зачува довербата во здравствениот систем. Очекуваме институционална истрага и завршница од надлежните органи, со цел ефикасна борба против корупцијата. Ги повикуваме граѓаните да продолжат да пријавуваат преку веб алатката „Пријави неправилности“, додека институциите да продолжат постапуваат доследно и без селективност, стои во соопштението на Министерството.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.